Пуштен во употреба реконструираниот штипски Градски пазар

Штипското комунално претпријатие „Исар“ денеска свечено во употреба го пушти покриениот пазар и новите 14 дуќани, а директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев информира дека инвестицијата изнесува над 14 милиони денари.
- За многу кратко време почнувајќи од јануари па до денес успеавме да направиме 14 дуќани, успеавме да направиме нови 120 продажни места и успеавме комплетно да го покриеме плато број еден на Градскиот пазар. Ова ќе ги подобри условите за самите купувачи, а и на самите проадвачи. Како општина имавме еден од најлошите пазари во земјава, а сега го имаме најдобриот пазар, вели Бојаџиев.
Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев истакна дека во чест на православниот празник „Свети Константин и Елена“ денеска се пушта Градскиот пазар, кој е целосно реконструиран и е покриен.
- Создаваме амбиент и кога купуваме производи, кога произведуваме здрава храна. Таа храна да се продава во соодветни и чисти услови, а на граѓаните да им биде мило што даоаѓаат овде да пазаруваат. Инвестицијата е на ЈП „Исар“, која го реализираше проектот со сопствени средства, нагласи Захариев.
Штипјани кои денеска пазаруваа на Градскиот пазар се задоволни што сега имаат услови во овој објект, а како што велат сега нема потреба да стравуваат од дожд, снег или сонце, односно од временските прилики.
Ново на Сител
-

Собранието избра нови членови на ДИК и Комисијата за заштита од дискриминација
-

Расте поддршката за членство во ЕУ - 71% од граѓаните сакаат во Унијата но само 24% се за уставни измени
-

СДСМ го поддржува протестот на синдикатите
-

Јавна расправа за Нацрт-закон за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
-

Потребна е вонсезонаска понуда во Охрид
-

Во Штип лани речиси секој ден се продавал по еден стан
-

Преглед на вестите од светот
-

Србите го слават Свети Сава
