Пуштен во употреба патот Љубојно-Брајчино
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски денеска го пуштија во употреба локалниот пат што ги поврзува селата Љубојно и Брајчино и ја посетија новоизградената плажа Сливница.
За изградбата на локалниот пат, како што информира министерот Мисајловски, инвестирани се 13 милиони денари. Изградбата на плажата Сливница во должина од околу 100 метри, додаде тој, е во завршна фаза, а потсети и на новоизградената плажа во Стење долга околу 500 метри.
- Во завршна фаза се градежните активности на плажата Стење, очекуваме дека набрзо ќе се изврши и технички прием и ќе ја предадеме на општината и оваа летна сезона ќе им биде на располагање на туристите. Вкупната инвестиција за двете плажи е 77 милиони денари, изјави Мисајловски.
Министерството за транспорт и врски, посочи, распиша тендер за нова пешачка патека и велосипедска патека во должина од 5,2 километри, инвестиција од над 52 милиони денари. Паралелнио со овие проекти се гради регионалниот пат Битола - Ресен - Буково, инвестиција од над 5 милиони евра.
- Патот Битола - Ресен - Буково треба да заврши до септември годинава. Поради временските услови зимскиот период послабо се работеше, но сега поминав се работи на терен и до септември очекувам комплетно да биде рехабилитиран. Како Влада максимално сме посветени за овој регион и ќе направиме се што можеме и во наредните програми да го развиваме туризмот, да го развивам, е градот и се што е потребно за подобар живот на граѓаните. Максимално инвестираме и ќе продолжиме да инвестираме во патната и во комуналната инфраструктура, рече Мисајловски.
Градоначалникот Стрезовски нагласи дека она што Владата и Општината го ветиле во добар дел е реализирано, а 2016 очекува да биде година на инвестиции во Преспа.
- Дел од проектите се реализирани и ставени во употреба, а останатите се во фаза на реализација. Оваа 2016 година со право очекуваме да биде година на вистински инвестициски бум. Според најавите и она што го иамаме обезбедено оваа ќе биде година кога во Ресен и Преспа ќе бидат инвестирани рекордни над пет милиони евра за капитални проекти, истакна Стрезовски.
Тој потсети на дел од проектите што се во тек, меѓу кои се реконструкција на градскиот водовод, замената на уличните светилки, изградба на фекални канализации, водоводи и локални патишта во рурланите средини...
- Со реконструкцијата на градскиот водоводен систем комплетно ќе се заменат азбесните цевки со нови пвц профили. Тоа ќе значи помали губитоци на вода и многу помал интензитет на дефекти, но и поквалитетна вода за пиење на ресенчани. Почна реализацијата и проектот за модернизација, надградба и одржување на системот за осветлување во Ресен и Преспа, каде сите постоечки сијалични места ќе бидат заменети со нови. Инвестиција од над 1.250.000 евра, потсети Стрезовски.
Ново на Сител
-
Муцунски: Фрчкоски сторил штета од шест цифри во евра, информациите се многу загрижувачки
-
Во возило од градски превоз во Велес пронајден мртов 60-годишен маж
-
УЈП апелира угостителите и физичките лица за празниците да работат согласно законите и да ги исполнат даночните обврски
-
Мицкоски: Постигната историски највисока цена на килограм откупен тутун од 400 денари
-
Нови 600 вработувања во МВР, Мицкоски повика на трпение, работите се решаваат една по една
-
Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведени двајца дилери
-
Верстапен ја доби својата четврта последователна титула во Формула 1
-
Претреси во дојранско, пронајдени околу два килограми марихуана и пушки | ФОТО