Пуштен во употреба новиот пат во село Непроштено
Градоначалникот на општина Теарце Исен Асани заедно со заменик министерот за транспорт и врски Ниметула Халими денеска го пуштија во употреба новиот пат во село Непроштено во должина од 2 километри.
- Станува збор за инвестиција на Министерството за транспорт и врски во соработка со локалната самоуправа во износ од 9 милиони денари обезбедени од Европската банка за обнова и развој, изјави заменик министерот Халими.
Градоначалникот Асани посочи дека во ова село спроведени се и други како изградба на примарна мрежа од водовод низ селото и воведување на централно греење во основното училиште.
- Сево ова се активности за последните шест години во вкупна вредност од 760 илјади евра, изјави Асани.
Во селото Глоѓи беше промовиран и локалниот пат со должина од 4 километри што ги поврзува селата Теарце, Пршовце и Глоѓи. Средствата за негова изградба се од Министерството за транспорт и врски и јавното претпријатие за државни патишта во висина од 480 илјади евра.
Градоначалникот Асани и заменик министерот Халими посочија дека од општината Теарце веќе имаат подготвено документи и за инвестиции и проекти што треба да се реализираат со помош на министерството и централната власт воследниот период.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Панди Јани, претседател на партијата на слободата за Мала Преспа
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија
-
Јавните комунални претпријатија се превработени, но со несоодветен кадар
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија
-
Сведоштва за бугарските медиуми
-
СДСМ утре избира нов партиски лидер
-
Вреди ќе добие заменик во АНБ
-
Дали нотарите ќе поскапат и до 10 пати? Лога ја повикува новата влада да го укине тарифникот