Пуштање во работа на реновираната библиотека „Карпош“
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје, во рамки на одбележувањето на 70-годишниот јубилеј ќе ја пушти во работа реновираната библиотека „Карпош“.
Библиотеката е реновирана со материјална подршка на Град Скопје, а на нејзиното отворање ќе претходи музичка и поетска програма. Со дел од своето творештво ќе се престави македонскиот писател Велко Неделковски.
Најавено е обраќање на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорката на библиотеката Гордана Петревска.
Во 19 часот, во рамки на одбележувањето на јубилејот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи Вечер со читателите.
Вечерта ќе биде посветена на читателите и нивното интерактивно учество во создавањето на историјата на Библиотеката. Предвидено е обраќање на академик Луан Старова и директорката Петревска.
На тројца читатели ќе им додели комплет книги, а наградите ќе ги врачи дојаенот на библиотеката Милица Вељановска.
Ново на Сител
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%
-
Две недели операциони сали под клуч - Решение на повидок нема!
-
Момче загина од удар на гром