Пушела, пиела, јадела месо и благо, а живеела 122 години – еве како!

Жан Калмен од Франција имала 122 години и пет месеци кога починала во август 1997 година. Тогаш официјално добила титула за најстара личност која дотогаш живеела.
Тајната на својата долговечност, како што некогаш говорела, ја должела на тоа што правела се спротивно од она што го кажуваат лекарите. Жан пушела, пиела алкохол, најмногу црвено вино, јадела благо и црвено месо. За појадок пиела и по две кафиња.
Кога наполнила 111 години станала најстарата Французинка, а со 113 најстарата на светот. На 114 години била најстарата која се појавила на филм.
Кога наполнила 116 години била првата која дотогаш преживеала до таа година, а на 120 објавила музички албум насловен „Љубовница на времето“. На 122 години добила титула за најстарата личност која дотогаш живеела. Често јадела телешко, оброците и биле чести и обилни, а по ручекот знаела да запали цигара и да се напие алкохол.
Кога наполнила 85 години почнала да се буди во 6:45 наутро и секое утро кажувала молитва. Додека седела во својата фотелја, правела вежби, а потоа се туширала и се масирала со маслиново масло.
Се омажила во 1896 година и била во брак се до 1942, а имале и едно дете. До својата 109 година, жан живеела сама, а потоа се преселила во старечки дом. Починала во август 1997 година речиси слепа, но со оглед на годините кои ги доживеала, била релативно здрава.
Ново на Сител
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
-

Пропадна предлогот за минималец од 600 евра, функционерските плати ќе останат исти
-

Уставен пресече - пензиите на пензионерите во странство не може да растат како оние на македонските пензионери
-

Од 1 март плаќање онлајн само со двојна верификација
-

„Нет без хејт“
