Пумпи за извлекување вода се распределуваат во Инџиково
Во населеното место Инџиково денеска се распределуваат пумпи за извлекување на насобраната вода од поплавените подруми и дворови, информираат од Град Скопје.
- Во моментов се распределуваат 100-тина пумпи што ќе црпат вода од поплавените подруми и дворови во населеното место Инџиково. Во текот на денот очекуваме да пристигнат уште 250 пумпи, со што во Инџиково во функција ќе бидат ставени 350 пумпи за помош на граѓаните, изјави градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски кој заедно со екипи на Градот е во посета на Инџиково.
Тој потсети дека во текот на вчерашниот ден работеа големите пумпи на Противпожарната бригада кои од колекторите ја исфрлаа водата во каналот во Инџиково.
- Каналот е веќе расчистен со механизација и ќе може да ја прифати извлечената вода од овие 350 пумпи што ќе ги расчистуваат поплавените подруми и дворовите на жителите на Инџиково. Денеска и утре очекуваме да бидат испразнети сите поплавени простории во Инџиково, рече Трајановски.
Најави дека ќе бидат распределени по 350 пумпи и во населените места Синѓелиќ и Стајковци.
- Денеска во функција ќе бидат ставени вкупно 1.000 пумпи на подрачјето на загрозените населени места, обезбедени од Владата на Република Македонија. Значајно е и што со секоја пумпа ќе раководи по еден војник што ќе помогне во расчистувањето на просториите, нагласи Трајановски.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот
-
Албанската опозиција во кампања со поддршка од косовскиот премиер
-
Анкета на ИРИ: Србите најголеми пријатели, Бугарија најголема закана за Македонија
-
Младите се пречесто на социјалните медиуми – не пребаруваат за политика
-
Наместо зголемени плати за 12%, вработените во култура не добија никаква плата за март - најавија протести
-
Доживотна казна затвор за кочанчанец кој усмрти жена на свиреп начин