-->
-->
Пукале во него додека возел, скопјанец пренесен во болница
-->

На 01.01.2022 полициски службеници од СВР Скопје привеле четири лица, постапувајќи по пријава добиена во 21.30 часот од ГОБ „Наум Охридски“, каде бил донесен Ш.Н.(65) од с.Мојанци со повреди од огнено оружје, соопштија од МВР.
Според пријавеното, додека го управувал своето патничко возило „голф“ во с.Мојанци, во Ш.Н. било испукано од едно лице од с.Арачиново, кое било со патничко возило „мерцедес Ц“, без регистарска ознака.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје, а возилата се обезбедени.
За настанот е известен Јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Секоја капка за Преспа” со проф. Петре Ламески, декан на ФИНКИ | Неформално | Sitel Podcast 146
-

Ангелов: Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната власт што траеле со години
-

Поради ерупцијата на Етна затворен аеродромот во Катанија: Најдолг прекин на авиосообраќајот на Сицилија од 2002 година
-

Во вторник терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
-

Санкционирани 72 возачи на лесни електрични возила низ државата
-

За една недела 1.576 прекршоци за брзо возење
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
