Македонија
8. February 2022 - 16:44

Пукале од „голф“ кон друго возило на автопатот Скопје - Велес

Маж пријавил дека од „голф“ пукале кон неговото возило на автопатот Скопје - Велес.

- На 07.02.2022 во 17.10 часот во СВР Скопје, С.К. пријавил дека на автопатот Скопје-Велес лица кои биле со патничко возило „фолксваген голф“ пукале кон возило во кое се превезувал тој. Повредени лица нема и нема оштетување на возилото, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.