Македонија
20. August 2024 - 16:03

Пукале на семејна прослава, уапсени двајца мажи

Денеска (20.08.2024) во СВР Струмица бил извршен службен разговор со З.Д.(45) и Д.С.(25), двајцата од с.Ново Коњарево, струмичко. Имено, по преземени мерки и активности од СВР Струмица беше утврдено дека на 15.08.2024 за време на семејна прослава во Струмица пукале од сигнален пиштол. Во разговорот тие го признале делото, а од Д.С. бил одземен пиштолот, соопшти МВР.

По целосно  документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.