Џет-Сет
8. August 2016 - 11:54

Публиката за време на концерт на Јелена Розга се пресметувала со пиштоли

 
За време на концертот на хрватската ѕвезда Јелена Розга (38) во еден клуб во Котор, Црна Гора, во публиката се пресметувале со пиштоли.
 
Обезбедувањето ме одведе во гардеробата, а подоцна ме префрлија во хотелот. Не знам што подоцна се случувало во публиката – кратко вели Јелена.
 
Инцидентот не бил нималку наивен, бидејќи околу четири часот во публиката се судриле две групи луѓе, наводно околу девојка. Обезбедувањето не успеало да пристигне навреме, па многу брзо во салата одекнале истрели.