Публиката на „Охридско лето“ воодушевена од настапот на Лугански

Со стоечки овации и бисеви публиката на „Охридско лето“ синоќа го награди рускиот виртуоз на пијано Николај Лугански по двочасовниот концерт во акустичната црква „Света Софија“.
Настапи со дела на Шуберт и Чајковски, а по завршување на настапот изјави дека не жали што по четврти пат настапува во црквата „Света Софија“.
- Во Охрид секогаш настапувам со големо задоволство. Тука настапувам веќе четврти пат. Малку е жешко и средината на летото повеќе е за одмор отколку за свирење концерти, но сепак ова е мистериозно место, кое секогаш сакам да го посетам. Многу сум и благодарен на публиката која многу внимателно ја слушаше денешната програма што воопшто не е лесна за следење, ниту Шуберт, ниту Чајковски-сонатата, истакна Лугански.
Македонската пијанистка Маја Кастратовиќ по завршувањето на концертот рече дека изведбите на Лугански ја оставиле без здив.
- Преполната сала во „Света Софија“ беше импресионирана од еден од врвните пијанисти од младата генерација пијанистичка елита во светот. Се работи за пијанист кој е исклучително префинет и чувствителен. Вечерва присуствувавме на неверојатно емотивен набој. Сето тоа со брилјантност и неверојатна виртуозност. Можам да кажам дека и програмата што ја избра за публиката беше фасцинантна, изјави Кастратовиќ.
Пијано-концертот на Лугански го следеше и неговиот колега, рускиот виолончелист Александар Книажев, кој претходниот ден имаше свој настап на „Охридско лето“ заедно со пијанистот Андреј Коробеиников.
Ново на Сител
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
-

Антонели: Верстапен е одличен не само како возач, туку и како личност
