ПССЕ ја поздравува извонредна работа Комитетот за превенција на тортурата и дава предлози за поголемо влијание
Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ја поздрави „извонредна работа" направена во последните 25 години на Европскиот комитет за спречување на тортура (КПТ) што доведе до значителни подобрувања во државите членки на Спветот на Европа, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Парламентарците, исто така, истакнаа дека е постигнат значителен напредок „за подобрување на процедурите за избор, како на национално ниво така и во самото Собрание“.
„Голем број од државите членки сега овозможуваат однапред автоматско објавување на извештаите на КПТ по посетите како и на релевантните владини одговори на истите извештаи", додаваат тие, нешто што претставува позитивен развој.
Сепак, ПССЕ смета дека „има уште многу да се направи за да се подобри ефикасноста, авторитетот и влијанието на работата на КПТ". Во резолуцијата усвоена врз основа на извештајот на Жорди Џукла (Шпанија, АЛДЕ), Собранието направи серија на предлози за понатамошно подобрување на постапките за изборот на членови на КПТ, и промовирање на активностите и стандардите на Комитетот. ПССЕ, исто така го повика Комитетот на министрите на Советот на Европа, да се разгледува по итен случај јавните изјави на КПТ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника