Психијатриско вештачење за напаѓачите на Саздовски
Надлежниот јавен обвинител издал наредба за медицинско психијатриско вештачење на двајцата осомничени за смртта на младиот Никола Саздовски- Саздо, информираат од Основното јавно обвинителство.
Адвокатот на еден осомничените Насер Рауфи очекуваше денеска да направи увид во доказите, но од Обвинителството информираат дека се уште прибираат вербални и материјални докази.
„Откако ќе ги приберат сите докази двајцата осомничени ќе направат увид во доказите и ќе дадат исказ во Обвинителството. По прибирање на сите докази во истражната постапка, двајцата осомничени и нивните бранители согласно Законот за кривична постапка ќе бидат повикани да извршат увид во доказите, при што осомничените кои досега го користеа правото на молчење, ќе можат да дадат своја одбрана“, велат од Обвинителството за „Независен весник“.
Рауфи очекуваше неговиот клиент уште неделава да даде исказ во Обвинителството, но сега тоа ќе зависи од динамиката на прибирањето на останатите докази во овој случај.
Двајцата напаѓачи на Саздовски се наоѓаат во притвор во затворот во Шутка, додека третиот осомничен Јетон Љужа е се уште во бегство. Во петокот, речиси еден месец од нападот врз Саздовски на барање на обвинителството, Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по него.
Обвинителството обезбеди и вештачење од Институтот за судска медицина по кое го преквалификува делото за тројцата осомничени од насилство со смртни последици во убиство на свиреп начин. Дваесет и едногодишниот Саздовски беше нападнат на 29 јуни на автобуската постојка во Автокоманда. Според верзијата на напаѓачите, тие го виделе Саздовски случајно и без никаква умисла го нападнале поради нетрпеливоста меѓу нивните навивачки групи, Комити и Шверцери.
По десет дена во болница Саздовски им подлегна на повредите, а според првичните информации обдукцијата покажала дека во нападот на Саздовски не биле користени никакви предмети.
Напаѓачите Скендер Д. и Бесир Б. се на возраст од 19 и 20 години, а веќе се во затвор. Нивниот врсник е во бегство. (Ф.Ф.С.)
Ново на Сител
-
ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни
-
Тешка сообраќајка во скопски Карпош, три лица повредени
-
Стефковски: Водовод и канализација и Град Скопје да обезбедат вода за Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто
-
Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје
-
Ставени под контрола пожарите кај Измир
-
УХМР: Многу топло до вторник, потоа значителен пад на дневната температура
-
Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45
-
МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство - „Жолто копче“