Балкан
16. July 2016 - 13:05

ПС на ОБСЕ го осуди обидот за пуч во Турција

Претседателката на Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Еврпа, Кристин Мутонен денеска најостро го осуди обидот на турската армија за преземање на власта во Турција.

- Од пресудна важност е што побрзо да се воспостави владеење на правото и почитување на турскиот Устав, се посочува во соопштението на ПС на ОБСЕ.

Мутонен наведе дека со голема загриженост ја следи ситуацијата во Турција и повика на мир и воздржување од судири.