-->
-->
Првршува изградба на кејот на Брегалница во Делчево
-->
Завршуваат градежните работи за изградба на кејот на реката Брегалница во центарот на Делчево, како дел од проектот кој Делчево го работи во парнерство со Благоевград од соседна Бугарија со цел заштита од поплави.
Координаторот на проектот Тони Стоименовски од ЛЕР на Општина Делчево, посочи дека иако договорот за изградба на кејот завршува во февруари идната година, на терен веќе се гледа дека работите се во завршна фаза.
- Можеме да видеме дека во центарот на Делчево, се уредува кејот од двете страни на реката во должина од 102 метри. Изграден е ѕид од двете страни на реката, кој и визуелно ќе го разубави овој дел од градот, исчистено е коритото на реката Брегалница, а истите активности се спорведуваат и во Општина Благоевград на реката Бистрица, рече Стоименовски.
На денешната последна обука од циклусот, пред претставниците на двете општини кои доаѓаат од надлежни иснитуции беше презентирана Европската директива за заштита од поплави, која ќе биде имплементирана во акцискиот план за заштита од поплави на Делчево и Благоевград. Стоименовски нагласи дека покрај директивата, планирано е да се разработат и целите на нашиот проект.
- Ние имаме за цел да ги мапираме критичните точки кои предизвикуваат поплави во Делчево, и нив ќе ги вградиме во документот што го работиме, а тоа е акцискиот план за заштита од поплави. Во нив ќе бидат вградени и препораки како да се отстранат тесните грла кои изминатиот период беа „виновни“ за поплавите во Делчево. Откако ќе го изработиме документот ќе го доставиме до надлежните во Општина Делчево, рече Стоименовски.
Инженерот за животна средина Методија Саздов кој беше еден од предавачите на обуката, објасни дека Европската директива за управување со води е релативно нова, но во комбинација со искуствата од партнерите од соседна Бугарија, како европска земја, ќе се направи документ, според кој значително ќе се придонесе во спречување на поплавите.
- Сакаме да подготвиме еден план во кој ќе бидат вклучени сите засегнати страни, но и да им дадеме задача, во буквална смисла на зборот и на граѓаните, затоа што и тие во голема мерка влијаат во заштитата од поплави. Мислам дека со искуството на колегите од Бугарија, но и со нашите заложби овој план ќе одигра значителна улога во заштитата од поплави. Сепак, доколку се обезбедат средства за реализација на планот, можноста од поплави ќе биде намалена, рече Саздов.
Поректот „Мерки за заштита од поплави на реките Брегалница и Бистрица“ е финансиски поддржан со 500 илјади евра преку Ипа Програмата за прекугранина соработка.Финалните резултати од проектот ќе бидат презентирани во јули идната година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хутер победи на женскиот супервелеслалом во Сент Мориц
-
Возило удрило две жени во Штип
-
Минута молк на натпреварите во Германија
-
Вучиќ: Младите од 20 до 35 години, дури и невработените, ќе можат да земат станбен кредит
-
Инспектор нападнал началник во просториите на полицијата во Радовиш
-
Германија: Билансот од нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет загинати, над 200 повредени
-
Автомобил излета кај Мавровка, повредени две лица
-
Нови врнежи претежно од снег од понеделник и средина на работната недела