Првпат Џафери седницата на парламентот ја води на албански јазик
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска седницата прв пат во историјата на работата на законодавото тело ја почна на албански јазик, на што веднаш реагираше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.
Според Мицевски со ваквото однесување на собранискиот спикер се крши Деловникот на законодавното тело.
-Вие континурано го кршите Уставот, законите, Деловникот. Во Деловникот во член три стои дека во работата на Собранието службен јазик е македонскиот и неговото кирилско писмо, рече тој и додаде дека најпрво треба да се смени Деловникот, за да може Собранието непречено да работи и да не го крши истиот.
-Немам ништо против некој да зборува на својот јазик, но на ваков начин со кршење на Деловникот, законите, Уставот одиме во погрешна насока, како и што досега повеќе пати се случи откако дојде оваа власт, нагласи тој.
Џафери напомена дека Законот за употреба на јазиците е донесен, тој е во сила и додаде дека тој имал трпение од една година од јануари 2018 до јануари оваа година и чекал на претседателот на државата да го потпише Законот и да сфати дека не може да го спречи парламентот и волјата на мнозинството.
-Секоја работа има свој почеток и свој тек и ние како институција имаме обврска да ги направиме сите подготовки, вашите забелешки не се основани, му порача Џафери на Мицевски.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски во обраќањето од собраниската говорница нагласи дека концептот на оваа Влада, на ова парламентарно мнозинство, е изградба на едно општество за сите, а јазикот, како еден од столбовите на тоа општество, е за да се разбереме.
-За нас како пратеници од владејачкото мнозинство многу е поважно што ќе зборуваме, да носиме закони во интерес на граѓаните на РМ, рече тој.
Џафери продолжи да ја води 82. седница на албански јазик. Седницата е посветена на пратенички прашања, а за нив се пријавиле над дваесет пратеници.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

