Првпат Денови на корејска култура во Скопје
Во организација на Амбасадата на Јужна Кореја во Бугарија, од 29-ти до 31 октомври во Скопје ќе се одржуваат Денови на корејската култура кои ќе опфатат презентација на музика, филм и фотографии.
Манифестацијата ќе почне со концерт „Музика и ритми од Кореја“ во Македонскиот народен театар на кој познатиот ансамбл „Bul-sе-chul“ и популарните „Nanta“ ќе изведат несекојдневно шоу со традиционална корејска музика. Музиката што ја создава овој осумчлен ансамбл доаѓа од најантичката религија на полуостровот – шаманизмот, како и од корејската народна музика, а „Bul-se-chul“ ја надоградува на уникатен начин - давајќи и нов и модерен звук. Покрај музика, на концертот ќе бидат вклучени и традиционални танци, меѓу кои и танц кој е прогласен за културно наследство и корејски танц на маски.
Втор дел од концертот ќе биде комичен музички невербален настап, акробатско кујнско шоу „Nanta“, кој доаѓа од традиционалниот корејски инструментален перформанс „Samulnory“. Кујната е нивната позадина, со готвачи како главни ликови. Ножевите и другиот кујнски прибор стануваат музички инструменти во рацете на изведувачите.
„Nanta“ е меѓу најпознатите шоуа во Кореја уште од премиерната изведба во октомври 1997, кога на едно место има собрано најголем број на гледачи во историјата на корејскиот театар. Тоа е прво азиско шоу кое се појавило на Бродвеј. Нивниот театар е отворен 365 дена во годината, а го имаат посетено над еден милион странски посетители. „Nanta“ досега настапиле во 51 земја, 289 градови, привлекувајќи странска публика од над два милиони.
На 30-ти и 31 октомври во Кинотеката на Македонија ќе се одржи „Корејска филмска одисеја“ во чии рамки ќе бидат прикажани некои од најпопуларните корејски филмови: „Ода за татко ми“ „Маскенбал“, „Монструмот“, „Тајно, величествено“, „Кралскиот кројач“. За време на дводневната филмска програма, во Кинотеката ќе биде поставена и изложба на слики на платно со мотиви од Сеул, на уметникот Симон Калајџиев, и изложба на фотографии „Впечатоци од Кореја“. Влезот за сите настани е бесплатен.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица