Првото утро од Февруари кочан - ова се температурите

Времето утрово е сончево со мала до умерена облачност, во североисточните и југозападните делови, а во останатите делови е облачно. По одделни котлини има ниска облачност и магла, а на некои повисоки места има ниска облачност со намалена видливост од 50 до 200 м.
Минималната температура утрово се движеше од -8 во Тетово, -7 Битола, -6 Крива Паланка, -5 Пожаране, -4 Прилеп, Претор и Крушево, -3 Тополчани, Маврово, Ѓуриште и Лазарополе, -2 Демир Капија, Охрид, Куманово и Дебар, -1 Штип, Виница, Берово и Скопје, 0 Струмица и Скопје Петровец, до 2 во Дојран и Гевгелија.
Преку денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со појава на утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб јужен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 2 до 8 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со појава на утринска магла. Ќе дува слаб јужен ветер. Највисоката температуа на воздухот ќе достигне до 4 степени.
И утре ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, по котлините со појава на магла. Во петок во западните делови ќе има слаб локален дожд, на повисоките планини слаб снег. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд со слаб, а во западните делови повремено умерен интензитет. Температурата на воздухот ќе има тенденција на пораст, што ќе предизвика топење на снежната покривка.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
