Фудбал
29. November 2020 - 19:49

Прволигашите го одиграа 13. коло

Фудбалерите на Силекс извојуваа значајна победа во Битола каде го совладаа домашниот Пелистер со 2-1 во викенд 13. коло од домашното првенство.

Кратовчани поведоа со 2-0 со прекрасните голови  на Мустафов и Ристов по многу подобрата игра во првиот дел. Во второто полувреме домаќинот се обиде да избегне пораз но успеа само да постигне почесен погодок преку Драгарски.  

          Во Тетово деби со победа на клупата на Ренова за Ќатип Османи.  Единствениот погодок во минималната победа против Борец го постигна Селмани во 91-та минута

          Шкендија останува лидер на табелата иако не успеа да освои три бода на тешкиот терен во Струга.

            Домашните први постигнаа гол и тоа по акцијата на Алтипармаковски и Ристевски.

            Шкендија го избегна поразот дури во 82. Минута кога Мирселовски ја погоди пречката а на одбиената топка натрча Ибраими и постигна израмнувачки погодок за конечни 1-1.

Во Струмица Беласица и Работнички одиграа 2-2.