Прво медицинско лице со Ковид-19 во Крива Паланка, денес тројца новодијагностицирани случаи
Крива Паланка денеска повторно се вбројува во општините кои регистрираат новодијагностицирани случаи со Ковид-19 и тоа тројца, најмногу регистрирани во еден ден од почетокот на пандемијата.
Во статистиката што ја објави денес Институтот за јавно здравје, во Општина Крива Паланка се регистрирани три нови слуачи на лица заразени со Ковид-19.
Од нив, како што посочија од Подрачната единица на хигиено-епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје Крива Паланка, едно лице е здравствен работник, прв случај на медицинско лице заболено од вирусот во оваа општина.
Со денешните три случаи бројката на активни слуачи во Крива Паланка се искачи на десет, а дури педесет отсто од истата се лица дијагностицирани за само 24 часа.
Од почетокот на пандемијата во Крива Паланка се регистрирани 35 лица заболени од Ковид-19, од кои десет се активни. Во статистиката за оваа општина се регистрирани и жителите на општина Ранковце.
Во Кратово досега се регистрирани вкупно 16 случаи на заразени со Ковид-19,од кои само два се активни.
Ново на Сител
-
Од четврток локални врнежи од дожд
-
Википедија на македонски јазик достигна 150 000 статии
-
Споделувањето храна, особено слатки, ја зајакнува емоционалната врска
-
Нептун Македонија со 430.000 денари донирани на СОС Детско Село - Благодарност до клиентите за поддршката
-
Науката потврди: Појадокот со додадени ореви е полезен за мозокот и умствените способности
-
Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Зеленски
-
Владата ги отфрли како шпекулации и неточни наводите на СДСМ и ДУИ за работата на МЖСПП
-
Дебранец узурпирал земјиште и противправно се стекнал со имотна корист од над четири милиони денари