Прво македонско музичко ЦД во издание на Смитсонијан

Со финансиска поддршка на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) идниот месец ќе биде издаден албумот „Слушање додека душата не ти излезе! Музика од Македонија" кој содржи 17 оригинални народни песни од 1968 до 1973 година.
Изборот го направи познатиот танцов и музички етнолог Мартин Коениг по долгогодишно истражување во кое му помогнаа Маргарет Мид од Институтот за интеркултурни студии и Фондацијата за антрополошки истражувања. Коениг е воедно и продуцент на албумот.
Проектот чини околу 90.000 долари, од кои 30.000 донираше ОМД преку својата програма за промоција на македонската култура.
„Слушање додека душата не ти излезе! Музика од Македонија" илустрира три стилови македонска традиционална музика: Христијанско, женско, селско пеење, Ромски, зурли и тапан ансамбли и Османлиски градски музички ансамбли наречни чалгија.
- Овие различни стилови се доказ за ентничките, религиозните и јазичните различности, за огромниот диверзитет во Македонија. Чалгија, споредено со другите два, е најретко застапениот стил, инструментален, во кој се користи македонскиот мекам, што брои само три живи изведувачи. Сите, освен еден од музичарите снимени од Коениг се веќе починати, велат од ОМД.
Со ЦД-то има и белешки изработени од Коениг и Соња Тамар Симан кои даваат уникатен преглед на македонската музика од средината на 20-тиот век, како и историски и културен контекст за секоја песна и нивен превод на англиски јазик.
- Снимените изведувачли заедно со деталниот патопис вклучен во албумот, документираат историски значајни градски и рурални традиции кои константно се занемарени од државните радио и фолклорни продукции, наведува ОМД.
Периодот од кој датираат песните е многу важен за фолклорната историја на Македонија, бидејќи го означува времето непосредно пред да почне популаризацијата на модернизирани или новокомпонирани фолклорни песни. Од таа причина, претставуваат временска капсула за звукот на Југоисточна Европа.
„Слушање додека душата не ти излезе! Музика од Македонија" ќе го издаде продуцентската куќа Смитсонијан Фолквеј на 28-ми август годинава.
Ново на Сител
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
-

Расте цената на нафтата на светските пазари, неизвесно дали ќе поскапат горивата во земјава
-

Тетовчанец под дејство на алкохол приведен откако со возило удрил три малолетници
-

Двајца возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и тешки телесни повреди
