Првите луѓе на Фејсбук, Епл, Амазон и Гугл на сослушување пред американските конгресмени
Првите луѓе на најголемите технолошки компании Фејсбук, Епл, Амазон и Гугл денеска ќе присуствуваат на сослушување пред американските конгресмени, кои ќе се обидат да ја утврдат нивната пазарна моќ.
Четворицата водечки менаџери на овие гиганти ќе одговорат на прашањата на конгресмените преку видео-врска за нивниот бизнис, монопол и нелојална конкуренција.
Така, основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, ќе мора да се правда поради фактот дека со преземањето на Инстаграм и Ватсап неговиот Фејсбук стана предоминантен во областа на социјалните мрежи.
Шефот на Епл, Тим Кук, ќе мора да разјасни зошто Епл мора да добива од 15 до 30 отсто од секоја продажба на нови апликации за мобилните телефони Ајфон, главниот оперативен директор на Гугл, Сундар Пичаи, да го објасни монополот на неговата компанија во областа на интернет-пребарувањата, а сопственикот на Амазон, Џеф Безос за подрачјето на интернет продажбата.
Ново на Сител
-
Извештајот на Светска банка го нарушува имиџот на земјава
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
Македонски Телеком креираше иновативно решение за телемедицина, единствено во регионот
-
Во Велес утре ден на жалост за тројцата загинати во сообраќајката кај Катланово - другите пет лица се тешко повредени
-
Таравари бара директорите на Детска и Козле да преземат мерки за докторите кои направиле превид
-
ВО ЖИВО: Голема полициска акција
-
Смена во АНБ
-
Четири општини нема да добијат државни пари - Владата го продолжи рокот за да може да аплицираат дополнително