Loading Video...
Свет
2. May 2022 - 16:32

Првите цивили заминаа од челичарницата во Мариупол

Околу 100 цивили ја напуштиле челичарницата Азовстал во украинскиот град Мариупол за време на викендот.  

Евакуираните од Мариупол треба да бидат згрижени во Запорожје, град под украинската контрола.  Во евакуцијата се вклучени ОН и Меѓуанродниот комитет на Црвениот Крст. Во  фабриката, опколена од руски војници, според Киев сеуште има многу цивили, но засега е нејасно кога ќе бидат спасени. Во Азвостал, последното украинско упориште во Мариупол, има и  околу 2500 војници.

-Ќе продолжиме да правиме се за ги евакуриаме нашите луѓе од Азовстал воопшто од Мариупол. Органзиирањето на вакви хуманитрани коридори е еден од елементите на тековниот преговарачки процес. Тој е многу сложен. Но, колку и да беше тешко, повеќе од 350.000 луѓе беа спасени од регионите на воените дејствија, рече Володимир Зеленски.

Руските сили продолжија со нападите врз Азовстал, веднаш штом автобусите за евакуација го напуштиле просторот на индустрискиот комплекс, соопштија градските власти во Мариупол. 

Борбите се интензивираат во Харкив и Донбас. Русија ја нападна Украина пред 68 дена. Акциите на руските сили ќе продолжат до остварување на целите, меѓу кои и денацификација и демилитаризација на Украина, рече шефот на руската дипломатија, демантирајки ги инфорамциите дека Москва планирала крај на воените дејствија на 9 мај, денот на победата над фашизмот.  

Москва не планира вештачки да поставува датум за завршување на својата воена операција во Украина. Темпото на операцијата зависи првенствено од потребата да се минимизираат сите ризици за цивилното население и рускиот воен персонал рече Лавров. 

Во меѓувреме изарелските власти реагираа остро откако Лавров тврдеше дека нацистичкиот лидер Хитлер имал еврејска крв. 
Шефот на руската дипломатија коментарот го даде за италијански медиум обидувајќи се да го оправда руското прикажување на Украина како нацист и покрај фактот што нејзиниот претседател е Евреин. Да се каже дека Хитлер бил Евреин е исто како да се каже дека Евреите сами себе се убивале“, рече  шефот на израелската дипломатија.