Првиот ден од враќањето мигранти од Грција во Турција мина без проблеми
Грција синоќа соопштија дека согласно договорот меѓу Европската унија и Анкара за запирање на мигрантскиот прилив кон Европа, во текот на вчерашниот ден вкупно 202 илегални мигранти од грчките островите Лезбос и Хиос со три бродови биле вратени во Турција.
Дел од договорот потпишан минатиот месец предвидува мигрантите кои илегално влегле во Грција по 20 март и кои не ги исполнуваат условите за добивање азил во ЕУ, да бидат вратат во Турција.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, 136 мигранти на Лезбос со четири автобуси биле транспортирани од центарот за регистрација во Мориа до пристаништето Митилена, каде што властите извршиле детална проверка на нивниот багаж, додека турските власти го проверувале списокот на патници.
Мигрантите од Лезбос се качиле на два брода за Турција, заедно со десетици припадници на Фронтекс, четворица лекари и најмалку четворица преведувачи.
Во исто време, уште 66 мигранти од Хиос биле пренесени во Турција, со што вкупниот број на депортирани во текот на вчерашниот ден изнесувал 202 мигранти.
Во двете операции за реадмисија биле вклучени повеќе од 700 грчки полицајци.
Мигрантите кои се вратени во Турција се од Пакистан, Мароко, Шри Ланка, Алжир и Тунис. Меѓу нив имало и двајца сириски бегалци кои се вратиле на доброволна основа, повикувајќи се на семејни причини.
Властите од двете страни на Егејското Море изразија задоволство од тоа што првиот ден од спроведувањето на договорот, се одело „како подмачкано“.
- Ние сме задоволни од нашата соработка со грчките власти и Фронтекс, изјави турски официјален претставник кој бил во Митилена во рамките на операцијата.
Сепак, депортацијата на мигрантите наиде на неодобрување кај некои невладини организации и хуманитарни агенции кои на еден хотел на Лезбос поставија транспарент „Турција не е безбедна земја“.
- Ова е срамно, незаконски и неморално. Никогаш не мислев дека Европа ќе дојде до оваа точка, изјави еден од активистите за човекови права.
Ново на Сител
-
Ѓорчев: Владата ја уништува демографски Македонија, стануваме држава без народ
-
Левица: Втор месец неисплатени плати на ваботените во Македонски Железници Транспорт
-
Студија: Лек за рак на белите дробови го намалува ризикот од смрт за 50 отсто
-
Столтенберг до Ердоган: Шведска ги исполни своите обврски кон Турција за влез во НАТО
-
Детектор: Во последните години Македонија назадува во спроведувањето на европските реформи
-
Андоновски: Малите партии на СДСМ критикуваат во медиумите па си гласаат во Собрание
-
Детектор: Граѓаните со став – ЕУ нема да ни ги реши проблемите во судството, здравството и образованието
-
Зајкова: Претходната Влада вршеше притисок врз судството – сега не познавам некој од власта што врши притисок