Првичните резултати од пописот во Црна Гора покажуваат пораст на бројот на жители за околу два отсто
Според прелиминарните резултати од пописот одржан во 2023 година, во Црна Гора живеат 633.158 лица, соопшти директорот на Монстат, Мирослав Пејовиќ. На пописот од 2011 година, Црна Гора имала вкупно 620.029 жители.
Снежана Ремиковиќ, помошник директор на Дирекцијата за статистика, рече дека бројот на жители е зголемен за околу два отсто.
Според првичните резултати, во Црна Гора има 217.441 домаќинства, а забележан е и пораст на становите – 396.873 станови.
Најмногу жители има во Подгорица и Никшиќ, а најмалку во Шавник, Плужине и Жабљак.
Зголемување на бројот на жители е забележано во 13 општини.
Најголем пораст на бројот на станови има во Тиват, Улцињ и Будва.
Директорот на Монстат, Пејовиќ најави дека се исполнети условите за објавување на првичните резултати, а во текот на годината сукцесивно ќе се објавуваат и други податоци. Тој не спомена дека овие податоци се предмет на промена, односно ревизија до објавување на конечните резултати.
Пописот се одржа од 3 до 28 декември, откако неговиот почеток беше неколкукратно продолжуван поради барањата на опозицијата и советот на помалкубројните народи дека претходно треба да се исполнат одредени услови за негово спроведување.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија