Прва жртва на играта „Синиот кит“ во Македонија - тинејџер си го одзеде животот
Четиринаесетгодишно момче од кочанското село Кучичино си го одзеде животот со бесење, објавиТелма. Според информациите кои ги објави телевизијата, момчето на 16-ти ноември било на училиште до 13 часот, откако се вратило во својот дом, по неколку часа неговата баба го пронашла во шупата. Не оставил писмо, зошто тоа го сторил? До редакцијата на емисијата КОД пристигнала анонимна дојава од жител од овој регион дека момчето е првата жртва на видео играта Синиот Кит.
Со случајот се запознати и првата детска амбасада „Меѓаши“.
Засега причините за смртта на момчето се базираат на претпоставки, а не и на докази. Семејството побарало да се изврши вештачење на мобилните телефони и на компјутерот, но надлежните институции досега ги немаат земено. Родителите скршени од болка не сакаат да говорат. Средината е изненадена, шокирана од чинот кој го сторил момчето, бидејќи го опишуваат како ведар лик.
Никој не забележал нешто чудно во однесувањето на деветто одделенецот, ниту пак некоја форма на самоповредување.
Ново на Сител
-
Собраниски делегации на Илинден во Пелинце, Скопје и Крушево
-
Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати
-
Италија ќе започне со воздушна испорака на помош за Газа од 9 август
-
Во ИЈЗ воведена втора смена на микробиолошката лабораторија и други новини во интерес на граѓаните
-
Двајца браќа го попречиле патот на комбе во кое се превезувало семејство - им го скршиле стаклото и ги нападнале
-
Обвинение за бесправно градење во Битола
-
Зеленски: Украина е подготвена за мировен самит доколку Русија покаже сериозност и волја
-
Косово ги укина царините за стоки од САД