Прва затворска единица за трансродови лица во Велика Британија
Во Велика Британија оваа недела ќе биде отворена првата затворска единица за трансполови лица, соопшти британското Министерство за правда.
Во тоа крило во рамки на женскиот затвор во јужниот дел на Лондон засега ќе бидат сместени три лица кои се родени како мажи, но во меѓувреме станале жени.
Официјални претставници наведуваат дека трите затворенички кои имаат документ за промена на полот, нема да имаат пристап до останатите жени во затворот Даунвју.
Министерството за правда соопшти дека безбедноста на затворениците е нивна најголема грижа.
Таквиот потег следува откако трансполовата затвореничка Карен Вајт сексуално нападнала две жени додека била во притвор во Вејкфилд. Таа е осудена на доживотна казна затвор поради сексуално злоставување.
Бројот на трансполови затвореници во Велика Британија не е лесно да се пресмета и тој постојано се менува.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора