Прва урбана градина во Општина Аеродром
Граѓанската организација „Зелената арка“ во август ќе почне со изведба на општествена (заедничка) градина на површина од околу 3.000 квадратни метри во паркот Лисиче, крај брегот на реката Вардар во Општина Аеродром.
Станува збор за прва градина од ваков тип во Скопје. Големината на парцелите ќе биде околу 50 квадратни метри и за нивното користење нема да се плаќа надоместок.
Сите заинтересирани граѓани од главниот град што имаат желба за здружено градинарство, може да ја пополнат пријавата за учество во општествената градина преку овој линк: http://tiny.cc/prijava_gradina
Заедничката градина се изведува во рамките на проектот „Развивање на прва урбана градина во Град Скопје“ со средства обезбедени од Град Скопје и со локална логистичка поддршка од Општина Аеродром.
Ново на Сител
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
ДУИ за видеото на Ахмети во униформа на УЧК - Тоа е неговата биографија
-
Тошковски за видеото на Ахмети - Неуспешен обид за дефокусирање од криминалите
-
ВМРО - ДПМНЕ: СДС го создаде Груби и му дозволи да ја краде државата
-
Нови празници - Нови трошоци за граѓаните
-
Лекарите апелираат - Внимателно со исхраната за време на празниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре седница за интерпелации: Власта тврди се ќе заврши брзо