Прва средба на тајванскиот и кинескиот претседател во сабота во Сингапур
Тајванскиот претседател Ма Јинг Јеу ќе се сретне в сабота, во Сингапур, со претседателот на Кина, Кси Јингпинг, соопштено е во Тајпеј.
Тоа ќе биде прва средба меѓу претседателите на двете земји.
Портпаролот на тајванскиот претседател, изјави за ББЦ дека на средбата ќе стане збор за односите од двете страни на Тајванскиот мореуз.
Засега нема потврда од Пекинг на соопштението од тајванскиот главен град.
НР Кина полага право врз суверенитетот на Тајван уште од 1949 година, кога националистичката влада на Чанг Кај Шек побегна на островот, по поразот од комунистите, предводени од Мао Цетунг.
Официјален Пекинг и понатаму тврди дека Тајван е составен дел од кинеската територија и се заканува со воена интервенција на секој обид за прогласување независност на островот.
Тајванскиот претседател Ма Јинг Јеу, настојува да се одржи мирот од двете страни на тесниот мореуз и се залага за задржување на сегашниот статус кво.
Според објаснувањето на кабинетот на тајванскиот претседател, на разговорите во Сингапур нема да биде потпишан никаков документ, ниту подоцна ќе биде издадено соопштение.
Навестено е само дека тајванскиот претседател, утре ќе зборува во Тајпеј, за да ја објасни одлуката за средбата со претседателот на НР Кина.
Ново на Сител
-
Приведен кумановец, следел и вознемирувал 27-годишна девојка
-
Спасувањето на мечката во Брајчино - драма во планина, храброст на дел
-
Кумановец возел со 1,85 промили алкохол во крвта и удрил во две моторни возила
-
Папата Франциск приватно се сретна со кралот Чарлс Tрети и кралицата Камила
-
Изгоре автомобил наспроти Клинички
-
Леброн за суспензијата на Дончиќ: Не знам зошто судијата го сфати тоа толку лично
-
Винисиус го прекина молкот по фијаското во Лондон
-
Немања Матиќ: Онана е еден од најслабите голмани во историјата на Манчестер Јунајтед