Македонија
16. September 2021 - 16:39

Прва седница на македонската и косовската влада

Одлични билатерални и економски односи меѓу Македонија и Косово, но без одговор кога и дали Приштина ќе ги испорача Африм Исмаиловиќ и Алил Демири осудени на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковското Езеро.  Косовскиот премиер, Курти се обиде да го релативизира прашањето, со забелешка дека случаите со ваква тежина би требало да се разјаснат до крај ако треба и со помош на меѓународна помош.

На првата меѓувладина седница меѓу двете земји е констатирано дека крајна цел и на Скопје и на Приштина е приклучување кон ЕУ, но двајцата премиери имаат спротивставени ставови кога се работи за регионалната иницијатива  Отворен Балкан, во која засега се вклучени Македонија, Србија и Албанија, но не и косовската влада која смета дека проектот е фасада за великосрпските апетити.

Двете страни денеска потпишаа низа инфраструктурни меморандуми и проекти за поврзување на двете земји меѓу кои и спојување на двата авопата и граничниот премин Блаце – Јанковиќ во рамки на делницата Скопје – Блаце, физибилити студија за патот Призрен – Тетово и интегриран граничен премин, како и договор за заеднички скијачки проект кој ќе ги спојува Брезовица и Попова Шапка.