Прва седница на Анкетната комисија за случајот со Клиниката за онкологија и радиотерапија
Во Собранието денеска ќе се одржи првата седница на Анкетната комисија за случајот во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.
Единствена точка на дневниот ред е Предлог деловникот за работа на Комисијата.
Претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ вчера во изјава за медиумите информираше дека согласно одлуката, комисијата ќе биде надлежна за утврдување на хронологијата на настаните и околностите во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, дали со скандалот се загрозени основите човекови права на пациентите кои се лекувале, политичката одговорност, како и изготвување заклучоци и препораки кои ќе имаат за цел да поведат постапка за утврдување на одговорност на носителите на јавните функции и спречување понатамошна злоупотреба, но и системски подобрувања на дефектите во оваа Клиника и целокупниот здравствен систем.
Доколку Анкетната комисија одлучи, како што кажа таа, на разговор ќе бидат повикани сите релевантни институци и функционери.
Анкетната комисија е формирана со одлука на пленумот откако во јавноста беа објавени информации за злоупотреба на терапијата за пациенти болни од рак, за што истрага отвори и Јавното обвинителство.

На почетокот на септември беше извршен претрес на Клиниката за онкологија и во два приватни стана од каде беа одземени компјутери и документација по наводите во новинарски текстови за злоупотреба на лекови наменети за пациенти болни од рак.
Премиерот Димитар Ковачевски тогаш во изјава за медиумите рече дека ќе бидат санкционирани сите оние кои го прекршиле законот, но, апелираше да не се напаѓаат сите здравствени работници.
- Ова е првпат да биде спроведена една ваква обемна акција за идентификување на можни сторители на вакви дела. Би сакал да повикам да не се прави сензационализација и напад на сите доктори и медицински сестри во државата, бидејќи најголемиот број од медицинскиот персонал кој работи во нашата држава, се извонредни луѓе, кадри, што се грижат за здравјето на нашето население, изјави Ковачевски.
Пациенти болни од рак секој понеделник протестираат барајќи случајот да се истражи докрај.
Ново на Сител
-

Директорот на полицијата на Србија потврди дека се урнал полициски хеликоптер
-

Путин се сомнева дека дронот што се урна во Романија бил руски и предложи Москва да спроведе експертиза на остатоците
-

Трамп: Наскоро конечна одлука за договорот со Иран
-

Захарова ѝ се закани на Романија со „соодветни мерки“ поради одлуката за затворање на рускиот генерален конзулат
-

Романија го затвора рускиот конзулат и го протерува конзулот
-

Утре сончево, од недела услови за пороен дожд и грмежи
-

Министерство за правда: Постапката за екстрадиција на Груевски продолжува
-

Приведени две лица во тетовско по пријава за сексуално насилство врз малолетничка
