-->
-->
Прва премиерлигашка победа за Борнмут
-->
Фудбалерите на Борнмут ја забележаа историската прва победа во англиската Премиерлига. Дебитантот во елитната англиска дивизија, по поразите во водните две кола, во третото славеше над Вест Хем во Лондон со 4:3.
Вест Хем и Борнмут одиграа драматичен меч на „Аптон Парк“ во Лондон, кој го одбележа гостинскиот напаѓач Калум Вилсон кој постигна ‘хет-трик’.
Вилсон во првото полувреме постигна два гола и му донесе голема предност на Борнмут. Сепак во вториот дел, односно во воведните седум минути Вест Хем стигна до израмнивање, стрелци на головите беа Нобл од пенал и Кујате.
Пуг во 66.минута му донесе нова предност на Борнмут, а потоа Волсон од пенал зголеми на 2:4. Конечниот резултат го постави Маига во 82.минута.
Кристал Палас а забележа втората победа во новата сезона, откако на домашен терен славеше над Астон Вила со 2:1. Дан го постигна првиот гол за Кристал Палас, израмни Суаре со авто гол, а трите бода на домашниот тим му ги донесе Сако во 88.минута.
Норич и Стоук освоија по бод, мечот заврши 1:1, а ист резултат беше и на дуелите Сандерленд-Свонси и Лестер-Тотенхем.
Сандерленд против Свонси го освои првиот бод во првенството, додека екипата од Велс сеуште нема пораз (победа и два ремија). Изненадувачки Тотенхем е сеуште без победа по три кола, иако кај Лестер водеа со голот на 19-годишниот дебитант Али постигнат во 81.минута. Бод на Лестер му донесе брилијантниот Алжирец Марез кој во 83.минута го совлада Лорис.
Лестер по три кола има своено седум бодови, што е најдобар старт на тимот во Премиерлигата.
Во првиот меч од саботната програма Манчестер Јунајтед и Њукасл одиграа 0:0.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зеленски повторно побара Украина да стане членка на НАТО
-

Мерц ја повика Русија да запре со „опасните провокации“ откако паднаа три ракети во Полска
-

Татко и син истепале лекар и медицинска сестра во поликлиника „Јане Сандански“
-

Битолчанец ѝ се заканувал со смрт на сопругата со која се разведува
-

На 17 години заминал во Канада, работел на фарма и чистел котли во пилана – денес Илон Маск е најбогатиот човек во светот
-

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, најави Мицкоски
-

Мицкоски: Најмалку 10% од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20% пониска цена за млади брачни парови
-

Стотици училишта во Германија и во Данска добиле заканувачки пораки: „Ве чека смрт“
