Живот
26. January 2016 - 14:16

Прва помош: Како да му помогнете на бебе кое не дише?

Податокот дека само една четвртина од родителите знаат што треба да направат кога бебето, не дај Боже, ќе престане да дише, ја мотивирало болницата ‘St. John’ да направи едукативно видео во кое на наједноставен начин е објаснета постапката за оживување на бебе, пишува bebeboom.mk

Многу родители, покажало британското истражување, се толку многу преплашени уште од самата помисла дека нивното дете може да престане да дише и дека тие треба да го оживуваат и за тоа не сакаат ниту да размислуваат, и од таа причина не знаат како постапката за оживување на мало бебе се изведува.

Се со цел родителите да го отфрлат овој страв, британската болница ‘St. John’ направила едно забавно, едукатвно видео во кое на многу едноставен начин, низ детски песнички, е објаснето како врз бебе да ја изведете постапката на оживување.

“Ги молиме сите родители да ја научат техниката за оживување на бебе и да го споделат ова видео се со цел сите родители, баби, дедовци и сите оние кои се грижат за дацата да знаат што треба да направат во тие најзначајни минути откако бебето ќе престане да дише”, порачуваат од болницата ‘St. John’.

Да знаете како да оживеете бебе кое престанало да дише значително може да ги зголеми шансите за преживување, односно можноста да се спаси еден бебешки живот.

Еве како да ја примените постапката за оживување на бебе кое престанало да дише:

  1. Повикајте брза помош.
  2. Поставете го бебето на рамна површина и нежно навалете му ја главата наназад се со цел да се отворат дишните патишта.
  3. Дадете му на бебето вештачко дишење така што вашата уста ќе ја ставите на устата и носот на бебето, па потоа пет пати нежно ќе вдишите и издишите во неговата уста.
  4. Допрете со двата прста (показалец и среден прст) на бебешките гради и притиснете, односно пумпајте 30 пати во правилен ритам.
  5. Повторно ставете ја својата уста на устата и носот на бебето, па нежно вдишете и издишете два пати.
  6. Потоа повторно ставете ги двата прста на бебешките гради и пумпајте 30 пати во исти ритам.
  7. Повторувајте ја постапката со две вдишувања и 30 пумпања со смирен ритам се додека не дојде брза помош.