Прва пензионерско-музичка вечер во Делчево
![]()
Во Делчево синоќа прв пат се одржа пензионерско-музичка вечер. Настанот го организираше Здружението на пензионери, а во рамки на културно-уметничката програма свој настап имаше новоформираната музичка група составена од пензионери кои долго време другаруваат со музиката.
– Ние сме новоформирано друштво, нема ни два месеци како постоиме. Успеавме за краток период да го конципираме вечерашниот настап и се надевам дека делумно успеавме во тоа. Присутните имаа можност да видат изведба на гајда, тамбура, ќемане како и вокални интерпретации кои доловија дел од македонското народно музичко творештво, информираше претставникот на групата Ѓорѓи Ѓорѓиевски.
Свој настап на пензионерско-музичката вечер имаше и Методија Илиев, пензионер кој 5 децении свири на ќемане.
– Другарувам со музиката од мали нозе. Свирам на ќемане и инструментот сам го изработувам. Повеќе 50 години се занимавам со музика и за мене тоа е мојата прва љубов, истакна Илиев.
Честитајќи им ги празниците на сите пензионери новоформираната музичка група за следната 2020 година најави голем број на настапи на сите пензионерски смотри на кои што ќе бидат поканети.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
