Прва официјална посета на претседател на Собранието на Обединетите Арапски Емирати
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, од денеска до 17 ноември ќе престојува во прва официјална посета на Обединетите Арапски Емирати. Ова е првпат претседател на македонскиот Парламент да оствари ваква посета и да има средби во Федералниот национален совет на ОАЕ.
Посетата на Џафери, како што јави известувачот на МИА од Абу Даби, се совпаѓа со 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Обединетите Арапски Емирати, каде започнаа и подговките за одбележување на 50-годишнината од основањето на државата.
За време на посетата на Џафери предвидени се средби со домаќинот, Сагар Ал-Гобаш, спикер на Федералниот национален совет и со други високи претставници од Владата на ОАЕ.
Во состав на собраниската делегација, која ја предводи претседателот на Парламентот, се и претседателот на Пратеничката група за соработка на Собранието со парламентите на земјите од Блискиот исток и Арапскиот залив, пратеникот Хусни Исмаили, и пратениците Дарко Каевски и Бедри Фазли.
На средбите се очекува да стане збор за унапредување на соработката со Федералниот национален совет на парламентарно ниво, но и севкупните односи меѓу двете држави.
Пратеничката група за соработка на Собранието со парламентите на земјите од Блискиот Исток и Арапскиот Залив е основана во овој пратенички мандат.
Предвидено е Џафери и собраниската делегација да го посетат и Павилјонот на Република Македонија на „Експо Дубаи 2020”.
Ново на Сител
-

Екс директорот на Комунална, Рустеми се сомничи дека злоупотребил над 68.000 евра за фиктивни услуги
-

Обвинение за сопругот на Ивана: Насилството довело до самоубиство
-

Закани за бомби и убиства во медицинското училиште во Тетово – приведен 18-годишник
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
