Loading Video...
Фудбал
16. May 2018 - 19:37

Прва МФЛ: Дербито во Кратово без голови

Фудбалерите на Силекс и Работнички во директниот дуел за излез во Европа попладнево во Кратово одиграа без голови 0-0.

Силекс беше подобар противник и уште на стартот не искористи двојна шанса за погодок кога не реализираа Георгиев и Бујчевски.

Домашните имаа бројни нафрлувања и неколку удари од далечина но погодок немаше додека гостите беа ориентирани на одбрана.

Во последното коло Силекс гостува во Струмица на А.Пандев додека Работнички го пречекува Скопје.