Фудбал
23. August 2015 - 12:27

Прва лига: Силекс гостува во Турново

Фудбалските прволигаши денеска ќе одиграат четири натпревари од 3.коло од Првата фудбалска лига. Лидерот на табелата Силекс гостува во Турново кај екипата на Хоризнот.
Во Скопје се играат два натпревара: Вардар – Младост Царев Двор (стадион Ѓорче Петров) и Металург – Шкендија (стадион Борис Трајковски), додека Брегалница во Штип ја дочекува екипата на Шкупи.
 
Поради настапот на Работнички во еврокуповите одложен е дуелот Ренова – Работнички.
 
Табела: Силекс 6 бодови, Вардар 4, Хоризонт Турново 3, Работнички 3, Шкендија 3, Брегалница 3, Младост Царев Двор 3, Шкупи 2, Металург 1, Ренова 0.