Прва конференција за социјални иновации
Десеттина македонски социјални претпријатија денеска ќе бидат претставени на Првата конференција за социјални иновации на која ќе бидат претставени искуства од светот и регионот.
Клементина Илиевски од „Лице в лице“ информира дека во светот бизнисите стануваат социјални и дека социјалното претприемништво станува неопходно поради се поголемиот јаз меѓу сиромашните и богатите, рече Илиевски.
Според неа, во Македонија иницијативите за социјални иновации произлегуваат од невладиниот сектор и доколку, како што рече, се има желба да им се помогне на лицата со посебни потреби потребна е дополнителна поддршка во менаџирањето на социјалните претпријатија.
Антоанета Иванова од „Млади инфо“ информира дека во моментов е во подготовка закон за социјални претпријатија.
- Очекувам дека во наредниот период посебен акцент ќе се постави на овој вид претпријатиja, потенцира Иванова.
Александар Мацовски Цако кој е лице со Даунов синдром, рече дека од денешниот настан очекува да добие знаење кое би го презентирал на неговата емисија насловена „Јас сум Цако“ која, како што рече, се занимава токму со оваа тематика за која денеска ќе се говори, што значи живот за тие лица.
На конференцијата за социјални иновации учествуваат и социјални иноватори од Австрија, Германија, Полска, Словенија, Босна и Херцеговина и Србија.
Конференцијата ја организираат фондацијата „Фридрих Еберт“, МладиИнфо, Интернационал, Импак хаб Скопје и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“.
Планирано е конференцијата да заврши со панел дискусија „Од иновација до влијание: вмрежување и прибирање средства за социјален бизнис“ на кој ќе учествуваат претставници од Македонија и од Европа.
Конференцијата е поддржана од Проектот за микро и мали претпријатија на УСАИД Македонија, Швајцарската агенција за развој и соработка и „Пакомак“ Македонија.
Ново на Сител
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени
-
Четворица обвинети за инцидентот со пукање со пиштол во Чаир во кој едно лице беше рането
-
Судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 27 јануари
-
Косовец се обидел да пренесе 48.000 пара чорапи преку Блаце
-
37-годишник загина во пожар во сопствената куќа во Делчево
-
Скопје без парно, родители добиваат повик да си ги земат децата од училиштата и градинките
-
„Не апсеа и казнуваа по 173 евра за знамето со сонцето од Кутлеш“, сведоштва на македонски навивачи во Вараждин
-
Поскапуваат горивата