Прва државна тужба против Кина поради пандемијата

Мисури е првата сојузна држава која поднесе тужба против Кина, обвинувајќи ја кинеската Влада за светската пандемија на коронавирусот и бара оштета „за огромните загуби на човечки животи, страдање и економска криза“ како последица на болеста.
Како што јавија американските медиуми, тужбата, поднесена од државниот обвинител на Мисури Ерик Шмит, е една од неколку слични судски процеси во американските федерални судови започнати од приватни групи.
Така на пример, во Флорида, Кина е дадена на суд поради тоа што „знаеше дека Ковид-19 е опасна болест но реагираше споро, ја ставаше главата во песок и/или ја заташкуваше за свој тесен економски интерес“.
Во Мисури досега се потврдени речиси шест илјади случаи на заразеност од коронавирус, а 215 лица починале. Поради затворената економија сојузната држава досега изгуби 44 милијарди долари. Во тужбата се наведува дека токму Кина е виновна за последиците од пандемијата.
Познавачите во САД сметаат дека е мошне тешко да се предвиди исходот од вакви судски процеси и дали тие би имале некаков ефект.
Во меѓувреме, 22 републикански конгресмени побараа од јавниот обвинител на САД, Вилијам Бар, државниот секретар Мајк Помпео и од претседателот Доналд Трамп, да покренат постапка против Кина во Меѓународниот суд на правдата во Хаг за дејствата на оваа земја за време на пандемијата.
Ново на Сител
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
