Прв српско-македонски симпозиум за гинекологија и акушерство

Првиот српско-македонски симпозиум за гинекологија и акушерство ќе се одржи денеска во Белград.
Симпозиумот го организираат директорката на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, Марија Хаџи Лега, директорката на Гинеколошката болница Народен фронт-Белград, Снежана Ракиќ, која е и претседател на Гинеколошко акушерската секција при Српското лекарско друштво, заедно со доајените во урогинекологијата проф. д-р Момчило Лазаревски, кој е и почесен член на Академијата за медицински науки во Србија и проф. д-р Петар Драча, редовен член на Академијата за медицински науки на Србија.
Македонските експерти ќе се претстават со стручните теми „Теорија за субуретрална компресија на проксималната уретра во оперативната терапија на уринарната стрес инконтиненција“, а предавач ќе биде проф. др Момчило Лазаревски од Медицинскиот факултет – Скопје, „Предвидување на предвремено раѓање кај симптоматските и асимптоматските пациенти“, чиј предавач ќе биде Хаџи-Лега, „Современи стратегии за превенција на рак на грлото на матката“ чиј предавач ќе биде д-р сци. Горан Димитров, специјалист по гинекологија и акушерство, „Преваленција на вродени аномалии на матката кај пациенти со примарна неплодност, секундарна неплодност и повторлива загуба на бременост“, предавачи д-р сци. Глигор Тофоски, специјалист по гинекологија и акушерство, Скопје и д-р Игор Пљеша од Болницата за гинекологија и акушерство, КБЦ Земун, Белград.
Ново на Сител
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици
-

Вештакот на Јованов тврди: „Пулс“ не бил реконструиран, туку само ентериерно уреден
-

Уапсени 20 лица во акцијата во Прилеп
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Филипче: Собранието да го донесе законот за 600 евра минималец
-

Општина Охрид се подготвува за затворање на депонијата Буково
-

Дрвокрадството во последните неколку години намалено за 30 отсто
