-->
-->
Прв состанок на работната група за ветинг во МВР
-->
Работната група за ветингот во МВР денеска треба да го одржи првиот состанок. Како што најави неделава државниот секретар во МВР Магдалена Несторовска, состанокот треба да го отвори министертот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Работната група до 1 октомври треба да подготви предлог план кој ќе се достави до Владата на усвојување.На Шестата сесија на Работната група IV на тема „Ветингот како мерка за остварување на интегритет на институциите, што се одржа во вторникот, беше констатирано дека обезбедување на консензус меѓу главните политички субјекти е клучниот сегмент за спроведување на ветингот во Република Северна Македонија.
Од дебатата произлезе и предлогот дека е неопходно да се спроведе комплетна и комплексна анализа на фактичката состојба, потребата, постапката и последиците од ветингот во областа каде тој ќе се спроведува. Експертите се согласија и дека е значајно институциите што планираат да спроведат процес на ветинг кадровски да се подготват за да ги заменат вработените кои нема да го поминат процесот на ветинг, а со цел институциите непречено да ја спроведуваат својата функционална надлежност.
Искуство, на сесијата сподели Андреа Јалечова од Националните безбедносни власти на Словачка која е независна државна институција за заштита на класифицирани информации, формирана во 2001 година со цел интеграција на земјата во ЕУ и НАТО.
-Институцијата која сака да изврши ветинг доставува барање за лицето и негова согласност за да биде подложено на ветинг, бидејќи ако лицето не е согласно не може да се направите проверка. Вториот чекор е барање на информации од институциите. Во Словачка имаме можност за полиграф, а таа процедура може да ја побара самото лице кое е подложено на ветинг, информираше Јалечова.
Информациите добиени од ветингот, појасни таа, се класифицирани и се строго чувана тајна во архивите на Националните безбедносни власти. Во Словачка ветингот го поминале обвинители, професионални војници, полицајци, вработени во министсретсвото за надворешни работи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
