-->
-->
Прв собир на македонските ракометари за ЕП 2016
-->
ФОТО: www.sportmedia.mk
Машката македонска ракометна репрезентација денеска ја започна операцијата Европско првенство Полска 2016-та.
Со првиот собир одржан во хотелот Русија во Скопје попладнево, машката ракометна репрезентација ги започна подготовките за ЕП кое од 15 јануари 2016 ќе се одржува во Полска.
Во отсуство на селекторот Ивица Обрван, кој поради лични причини не беше денеска, неговиот асистент Данило Брестовац го презентира планот за подготовките.
Од повиканите 23-ракометари недостасуваа, капитенот Кирил Лазаров и Гоце Георгиевски кои ќе се приклучат во наредните денови, а последни доаѓаат интернационалците од Германија, Филип Миркуловски, Борко Ристовски и Ацо Јоноски, кои со своите екипи имаат натпревари на 29 декември
Како дел од подготовките предвидени се и четири контролни натпревари. На 4 и 5 јануари на гостински терен Македонија ќе спарингува со Словенија, а на 10 и 11 јануари во Скопје, нашата репрезентација ќе одигра два натпревари против Црна Гора.
На Европското во Полска, Македонија се наоѓа во силната А група А, во која за противници ќе ги има актуелниот олимписки, светски и европски првак Франција, домаќинот Полска и репрезентацијата на Србија. Натпреварите по истиот редослед ќе се играат во Краков, по што првите три селекции ќе обезбедат пласман во втората фаза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче
-
Мицкоски задоволен од договорот со банките-компаниите добиваат историски најниска каматна стапка
-
Нова детска градинка во Кисела Вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата