-->
-->
Прв случај на мајмунски сипаници во Венецуела, заболениот допатувал од Мадрид
-->
Владата на Венецуела соопшти дека е регистриран првиот случај на мајмунски сипаници кај лице што пристигнало во земјата со лет од Мадрид до Каракас.
Министерката за здравство Магали Гутиереш во порака на Твитер наведе дека во моментот се истгражуваат контактите што ги имал заболениот.
„Тој веднаш беше изолиран, тестиран, и беше позитивен“, се вели во соопштението на Министерството, без да се соопштат детали ниту возраста на заболениот маж.
Аргентина беше првата земја од Јужна Америка што потврди случај на мајмунски сипаници.
Шпанија, Велика Британија и Португалија пријавија највисока инциденца на таа болест надвор од западните и централноафриканските региони, каде што е ендемична.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега