Свет
16. August 2024 - 9:17

Прв случај на мајмунски сипаници во Шведска

Првиот случај на посериозна форма на мајмунска сипаница надвор од Африка е забележан во Шведска. Веста за заразено лице во Шведска откако Светската здравствена организација ја прогласи болеста за глобална здравствена криза по втор пат во две години.

Лицето е заразено додека престојувало во дел од Африка каде е забележано големо ширење на болеста, изјави генералниот директор на Шведската агенција за јавно здравје Оливија Вигзел.

„Во текот на попладневните часови добивме и потврда дека во Шведска имаме еден случај на посериозен тип на мајмунска сипаница наречена Клејд I“, рече министерот за здравство и социјала Јакоб Форсмед.

Вигзел рече дека заразеното лице добило грижа и упатства во согласност со препораките на здравствената агенција.

Декларацијата на СЗО за здравствена криза доаѓа откако посериозна епидемија се прошири од Конго во соседните земји.