Македонија
30. October 2019 - 8:12

Прв регионален семинар за намалување на ризици од катастрофи со употреба на екосистемски решенија

Прв регионален семинар за намалување на ризици од катастрофи преку употреба на екосистемски решенија ќе биде одржан во Скопје во организација на Јапонската агенција за меѓународна соработка, Џајка.

Настанот ќе почне со поздравните говори на амбасадорката на Јапонија Кеико Ханеда, директорот на Центарот за управување со кризи Агрон Буџаку и директорот на ЈП „Национални шуми“ Зоран Ѓорѓиев.

Семинарот е организиран како дел од Проектот за градење на капацитети за екосистемско базирано намалување на ризици од катастрофи (Eco-DRR) преку одржливо управување со шумите, а е имплементиран од Центарот за управување со кризи ЈП „Национални шуми“ и Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA).

Овој семинар има за цел да се споделат проектните активности и резултатите со релевантните институции од Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Србија и Црна Гора.

Во рамките на проектот ќе биде развиен модел за екосистемски базирано намалување на ризици од катастрофи (Eco-DRR) за справување со поплави, свлечишта, ерозија на почвата и шумски пожари, преку употреба на многубројните функции на шумите во Северна Македонија.