Прв пост-карантински викенд во Грција - полни плажи и плоштади

По нешто помалку од два месеци, Грците го поминуваат првиот викенд без ограничувања и можност за слободно движење, а се чини дека го користат максимално со оглед на тоа дека во текот на вчерашниот ден особено зголемена беше раздвиженоста, не само во Атина, туку и во другите грчки градови, а паралелно, се финализираат и подготовките за отворањето на продавниците во втората фаза на олабавувањето на мерките во Грција, што започнува утре.
Високите температури кои во одредени делови на земјата достигнаа и до 30 степени, во комбинација со 42-дневниот карантин што заврши во понеделникот, резултираше Грците масовно да излезат од нивните домови.
Со кафиња за носење на плоштадите, во парковите, на плажите, како во текот на денот, така и во вечерните часови, некои со маски, некои без, некои со држење на потребното растојание, но не сите, Грците го поминуваат првиот пост-карантински викенд.
Веројатно, најпосетени беа плажите. Особено оние во близина на Атина.
Организираните плажи со лежалки и „бич барови“ се сѐ уште затворени, меѓутоа дозволен е пристапот до градските плажи, кои беа полни со граѓани на сите возрасти.
Раздвиженоста е повеќе од очигледна, не само на плажите, туку и во сите атински населби.
Зголемен сообраќај по улиците, намален број граѓани кои возат велосипед или трчаат (физичката активност беше една од исклучоците од забраната за движење, па за време на карантинот забележително голем беше бројот на оние кои трчаа или возеа велосипед), Атина полека започнува да ја добива живоста што ја имаше пред рестриктивните мерки.
Во вечерните часови, со оглед на тоа дека кафулињата и баровите се затворени, младите Грци најдоа нов начин на забава, со собири на плоштадите. Појава која наидува на критики, бидејќи се забранети собирања на над десет лица, доста често не се држи неопходното растојание, а веќе, во неколку случаи имаше инциденти со полицијата.
Ново на Сител
-

УХМР: Променливо време со дожд, грмежи и силен ветер во наредните денови
-

Заразени патници од смртоносниот хантавирус на крузер пристигнуваат во Европа
-

Започна „Генералка викенд“: Илјадници волонтери чистат низ цела Македонија
-

Почина новинарката на МИА Ирена Радовановиќ
-

Поради повисоките трошоци, сè повеќе сопственици на возила го одложуваат сервисот за поправки
-

Обединетите Арапски Емирати соопштија дека утрово пресретнале ирански ракети и дронови
-

Рубио најави нови санкции против Куба и кубанскиот воено-индустриски сектор
-

Европското здружение за кардиологија објави нови упатства за исхрана за лица со срцеви проблеми
