Македонија
17. August 2018 - 16:10

Прв извештај на ОБСЕ за референдумот- експертите предупредуваат на можни притисоци

ОБСЕ во првиот извештај за претстојниот референдум предупредува дека постои можност за заплашување и вршење притисок како и пасивна регситрација на гласачим, но и инволвирање на странски актери кои би го поткопале референдумскиот процес. Набљудувачката мисија е воздржана во однос на формулацијата на референдумското прашање.

-Некои од соговорниците на ОБСЕ и ОДИХР изразија загриженост во врска со недостатокот на јасност и сложената природа на прашањето. Додека некои засегнати страни го забележаа недостатокот на експлицитна референца во врска со промената на името на државата, други ја истакнаа важноста за означување на влијанието на референдумот за интеграција во ЕУ и НАТО, се наведува во извештајот

Според ОБСЕ/ ОДИХР најголем дел од нивните препораки нема да бидат исполнети до референдумот. Тоа се однесува пред се на измените во правната рамка нба изборниот процес.Во извештајот напишан на десетина страници пишува и дека сите соговорници на ОБСЕ очекуваат кампањата да се води одвоено во етничките заедници и се напоменува дека поради ова можни се и и заплашувања и притисок врз етничките Албанци.

Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР е напишан по одржаните средби со раководители на на институциите, партиите,граѓанскиот сектор, меѓународната заедница и медиумите. Мисијата референдумот на 30 септември ќе го следи со 250 краткорочни и 20 долгорочни набљудувачи.