Прв грчки брз антигенски тест за Ковид-19
Грчки научници, преку програма на Министерството за развој и инвестиции на Грција, изработија прв грчки брз антигенски тест (rapid antigen test) за коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството за развој и инвестиции на Грција истакнуваат дека станува збор за „многу голем успех за грчката научна/истражувачка заедница“ и соопштуваат дека до Организацијата за индустриска сопственост веќе е доставено барање за патентирање на изумот.
Додаваат дека истражувачката програма е во фаза на изнаоѓање на компанија за масовно производство на моноклонални антитела и нивно поставување на специјална мембрана за да се создаде брз антигенски тест на антиген.
Конкретната програма на Министерството, која чини околу 2,9 милиони евра, беше наменета за истражувачки проект за епидемиолошка студија за коронавирусот, а учествуваа десет фондации, институти истражувачки центри, медицински факултети и сл.
Надлежниот заменик министер за развој и инвестиции на Грција Христос Димас вели дека станува збор за големо достигнување.
– Денес бележиме голем успех за грчката научна заедница. Од првиот момент имавме визија за изработка на „грчкиот тест“ како алатка за излез од здравствената криза. Тест што може за неколку минути и со сигурност да информира дали оние кои ќе го направат, се носители на вирусот или не, вели Димас.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица