Прв говор на Макрон како претседател на Франција

Во својот прв говор како претседател на Франција, Емануел Макрон сакаше да им оддаде почит на сите досегашни претседатели на Петтата француска република за нивните ангажирања во полза на Франција, директно запишувајќи се во определбата на неговата политичка идеја ниту левица, ниту десница, туку сите заедно за Франција, јавува дописникот на МИА од Париз.
"На 7 мај, Французите ја избраа надежта и духот на освојување. Одговорноста која тие ми ја доверија е чест и јас ја сфаќам целата нејзина сериозност. На светот и на Европа, повеќе од кога и да им е потребна Франција. Тие имаат потреба од Франција.
Макрон вети дека ќе работи на враќање на довербата на Французите.
- Тоа ќе биде бавен процес, но неопходен. Јас сум убеден дека моќта на Франција не е во опаѓање. Јас нема да се откажам од ветувањата кои им ги дадов на Французите. Трудот ќе биде ослобоен, претпријатијата ќе бидат поддржани. Французите ќе бидат подобро заштитени, рече Макрон
- Франција е модел за светот. Целиот свет ќе биде внимателен на гласот на Франција. Ние ќего дадеме примерот на луѓе кои можат да ги потврдат своите принципи - демократијата и републиката "
- Светот чека од нас да бидеме силни, цврсти и остроумни. Ќе ги преземеме сите нашите обврски да дадеме одговори на главните современи кризи. Ние сме сите меѓусебно зависни. Франција се уште се грижи да биде на страната на слободата, човековите права. Ние имаме огромна улога. Ние имаме потреба од поефикасна, подемократска Европа. Ние треба да го изградиме светот кој младината го заслужува. Ништо нема да не поколеба за да се откажеме да ги браниме интересите на Франција. Заедно можеме да напишеме една од најубавите слики од нашата историја, нагласи претседателот Макрон, додавајќи дека на тоа ќе работи „уште од вечерва“.
Ново на Сител
-

Објавен документ напишан од Гоце Делчев, шифрирана азбука со која контактирал со четите
-

Од денеска достапен нов портал со листа на закажани хируршки интервенции - ја унапредуваме транспарентноста во јавното здравство, вели Алиу
-

Алиу: Работна група од Министерството за здравство истражува дали биле запазени протоколите за извоз на биолошки материјал во САД
-

Мицкоски: Владата нуди своја формула за пресметување на покачувањето на платите во администрацијата
-

Мицкоски: Чествувањето на Гоце Делчев нека ни биде пример како треба да ја градиме нашата Македонија
-

Променливо облачно и релативно топло до сабота, од недела заладување и снег на планините
-

Приведени возачи, управувале возила без возачка дозвола, со изречена забрана, под дејство на алкохол
-

650 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 590 за пребрзо возење
