Прв академски час за студентите на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“
Околу 2.000 студенти се запишаа на факултетите и академиите на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, изјави денеска ректорот на УГД, Блажо Боев. Тој истакна дека во новата академска 2017-2018 година имаат помал број на запишани студенти во споредба со лани.
- Тоа се бројки кои што се помалку, односно малку помалку од минатата година, меѓутоа не се значајно помалку од минатата година. Трендот на намалување на бројот на студенти на високо образовните установи, како таков постои и мислам дека на тоа прашање треба да се работи малку повеќе, вели Боев.
Во своето обраќање на првиот академски час пред студентите запишани во прва година на неколку факултети, а кој се одржа во Центарот за култура „Ацо Шопов“ Штип, Боев им се обрати и на студентите на професорите.
- Пораката е да ги задржиме најдобрите дома, бидејќи ако ги пуштиме да одат надвор не знам што ќе направиме со оваа држава ако најдобрите ни заминат. Мислам дека треба да направиме се за да ги задржиме најдобрите во Македонија, вели Боев.
Ректорот на УГД-Штип истакна дека студентите треба да бидат свесни оти само со макотрпна работа и учење треба да стекнат диплома.
- Само со квалитетно знаење може да им се отвори патот во нивниот живот. Секоја друга диплома стекната на поинаков начин не претставува диплома и мислам дека не треба да го работиме тоа, рече Боев.
На првиот академски час за студентите од штипскиот универзитет настапија и студентите од Музичката академија, заедно со нивниот декан Тони Китановски.
Ново на Сител
-
Хрватскиот претседател Милановиќ во официјална посета на Македонија
-
Мицкоски до полицијата: Правдата мора да дојде преку непоткуплива полиција, чувајте ја Македонија
-
СДСМ Куманово обвинува дека Максим Димитриевски е фатен во огромна корупција
-
Дали Македонија напредува на патот кон ЕУ?
-
Жителите на Кривогаштани на протест, не даваат реконструкција на 2 моста додека не се најде алтернативен пат
-
Преглед на вестите од светот
-
Полагање на државна матура 2025 година - Смислија ли надлежните нови механизми за да се спречи препишувањето?
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар